
Џамбазов: Војната можеби избриша цела една генерација, турбо-фолкот ќе избрише поколенија
Игор Џамбазов, македонскиот актер, водител и шоумен пред неколку дена жестоко реагираше на социјалните мрежи спротивставувајќи им се сопствениците на локалите кои ги величат балканските турбофолкери, а на македонските пејачи на секој можен начин се обидуваат да им скратат од хонорарот.
Препорачано
На оваа тема, тој за „Фокус“ не го криеше разочарувањето, потенцирајќи дека турбо-фолкот може многу негативно да влијае врз младите.
„Медиумите им даваат многу простор на турбо-фолк изведувачи, па така прстенот што и го купил синот на таа и таа пејачка за да запроси некоја силиконска старлета, е секогаш поударна вест од новиот спот на Љубојна или концертот на Фолтин. Турбо-фолк. Најопасната појава на Балканот, после војната во бивша Југославија. Војната можеби избриша цела една генерација. Турбо-фолкот ќе избрише поколенија“, вели Џамбазов.
View this post on Instagram
Џамбазов во разговорот за Фокус нагласи и дека е страшно револтиран од сопствениците на дискотеките или организаторите на фестивалите, кои како што вели, постојано на нашите квалитетни музички ѕвезди се обидуваат да им ја намалат цената и вредноста, ценкајќи се со нив за 100, 200 евра поевтино, а фрлаат неброени пари на тотални анонимуси кои немаат издадено ниту пет авторски песни.
Тој нагласи дека повеќе не сака да соработува со луѓето кои пластичните барбики од северот ги ценат повеќе од него и неговите колеги.
View this post on Instagram
По пораката „Да свириме и пееме македонско“, Џамбазов сепак изјави дека за среќа се уште постојат луѓе кои во нашата Македонија ги ценат и претендираат македонските музичари, а како што вели, тоа му дава надеж и малку светлина во тунелот на кичот и шундот.