Џафери за патните трошоци: Не сум полицаец за да истражувам дали има злоупотреба

Талат Џафери, Собрание

Собранието има обврска да ги исплати патните трошоци на пратениците. Не може да зборуваме за злоупотреба од пратениците, бидејќи за да има злоупотреба тоа треба да се докаже. Не можам да изигрувам полицаец и да истражувам и немам намера да се враќам во едно друго време, вели претседателот на Собранието Талат Џафери за високите суми кои пратениците ги земаат за патни трошоци, а дел од нив имаат станови во Скопје.

„Прво и основно, со Деловникот е пропишано под кои услови се остварува правото патни трошоци и користење стан за таа намена, како алтернатива. Условите се пропишани во Деловникот при што присуството секој пратеник го докажува со потпишувањето на списокот за присуство на седница на Собранието, односно на седница на работните тела и во тој контекст никој никому не може да му го оспори тоа право додека е тоа докажано со потпис. Собранието нема други инструменти за испитување на веродостојноста на правото на пратеникот, затоа што се смета дека и уставно пратеникот не одговара пред претседателот на Собранието или пред собраниската служба, рече Џафери.

Според него, доколку има индиции дека има злоупотреба, тогаш за тоа треба друга институција да покрене поинаква постапка.

„Ако пратеникот патува, тогаш треба да му се исплатат патни трошоци. Се цени фактичката состојба. Не може мене никој да ме натера да седам во Скопје и Деловникот и уставот ми дава право каде ќе живеам. ја сне сум ни судија, ни истражен орган, не моам да изигрувам полицаец.

А, за тоа дали се високи или не исплатите, тоа е прописот, тоа се законите и во рамки на тоа треба да се исплати, рече Џафери.

Претседателот на Собранието информира дека од актуелниот пратенички состав само девет пратеници имаат закупено станови во Скопје. Ним Собранието неделно им им исплаќа патни трошоци кога доаѓаат во Скопје и на крајот од неделата кога се враќаат во местото на живеење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот