ДВОЈНА ОПАСНОСТ ВО КАЛИФОРНИЈА: Пожарот е разгорен од силни ветрови, струјата е исклучена во милион домови

Фото: Профимедиа/Илустрација

Сојузната држава Калифорнија се соочува со нов бран пожари, но овој пат, како што известуваат набљудувачите од теренот, опасноста е двојна, пожарот е разгорен од силните ветрови.

Пожарот всушност почна откако дрво падна врз електричен далновод во околината на Лос Анџелес. Пожарите се шират брзо откако синоќа почнаа да дуваат ветрови со брзина и од 119 километри на час.

Властите спроведуваат евакуација на жителите од зоните зафатени со пожар, откако десетици жаришта се проширија кон предградијата на Лос Анџелес.

Во опасност да изгори синоќа беше и претседателската библиотека „Роналд Реган”. Пожарникарите и спасувачките служби се уште се борат да го спречат ширењето на пожарот во округот Вентура.

Во меѓувреме, компанијата за електрична енергија ја исклучи струјата на милион домови и бизниси низ северниот дел на сојузната држава, некои со кратко известување однапред, со цел да се спречи каблите за струја евентуално да предизвикаат повеќе пожари.

Жителите се жалат бидејќи ќе останат без струја со денови, особено оние на кои им е потреба електрична енергија поради апарати за одржување во живот.

Бизнисмените, пак, велат дека овој потег ќе ги чини десетици илјади долари загуба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот