Две сообраќајки во Скопје, повредени двајца возачи и двајца сопатници

Фото: МВР

Вчера во 17.15 часот било пријавено дека во Скопје на ул. „Ѓорче Петров“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Д.(24) од Скопје и патничко возило „опел“ со струшки регистарски ознаки, управувано од С.П. од Струга.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „цитроен“, В.Д.(50) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Синоќа во 22.15 часот било пријавено дека во Скопје на крстосница од бул.„Киро Глигоров“ со сервисна улица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мазда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Д.(53) од Скопје и патничко возило „шевролет спарк“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Б.А.(27) од Кратово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатник од возилото „шевролет спарк“, И.М.(51) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот