Две лица повредени во сообраќајка на патот Гостивар-Кичево

Полиција СТОП сообраќај сообраќајка
Полиција лента / Фото: Драган Митрески

Две лица се повредени од кои еден потешко во сообраќајна несреќа на патот Гостивар-Кичево, во близина на отворените сепарации – каменоломи.

„На 17.12.2023 во 15.40 часот во СВР Тетово е пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на отворените сепарации – каменоломи, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко моторно возило „фолксваген голф” со тетовски регистарски ознаки, управувано од 24-годишниот тетовец Б.Б и патничко возило „фолксваген пасат” со гостиварски ознаки, што го управувал 34-годишниот гостиварец Е.Х.. Во несреќата, возачот на возилото „голф” Б.Б. се здобил со тешки телесни повреди, а сопатникот од возилото „пасат” С.С.(33) од Гостивар со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје“, информираат од МВР.

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот