фото: fcstruga.com

Две лица физички го нападнале фудбалерот на Струга, Марјан Радески

Во рамките од Купот на Македонија фудбалерите на Струга во средата славеа со 2:1 против Шкендија во Тетово.

Марјан Радески, беше еден од стрелците во победата на Струга против својот поранешен клуб. По завршувањето на тој меч излезе информација дека Радески наводно се соочил со инцидент, односно бил нападнат од непознати лица кои како што велат не се поврзани со навивачите на ФК Шкендија.

Од фудбалскиот клуб Струга се огласија велејќи дека нападот врз Радески не беше поврзан ниту со Шкендија, ниту со фудбалот.

СВР Тетово излезе со соопштение во кое потврди дека Радески по завршувањето на натпреварот физички бил нападнат од две лица.

Вчера во 18.40 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Д.Д.(34) од Прилеп и И.А. (37) од Битола.

Тие биле пријавени од фудбалерот на ФК Струга Трим Лум, М.Р.(30) од Прилеп дека околу 18.00 часот кај Градскиот стадион во Тетово, по завршување на фудбалскиот натпревар помеѓу Ф.К. Шкендија и Ф.К. Струга Трим Лум, физички го нападнале во возило со прилепски регистарски ознаки.

Според пријавеното, откако М.Р. излегол од стадионот го забележал Д.Д., со кого се познавале од порано, а кој го повикал во возилото во кое бил и И.А., по што физички го нападнале.

Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, велат од СВР Тетово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот