Две експлозии во Дамаск, сириските медиуми го обвинуваат Израел

Фото: РТ

Две силни експлозии денеска се слушнаа во главниот град на Сирија, Дамаск, а сириските државни медиуми јавија дека тие би можеле да бидат предизвикани од израелски напад.

Ова е редок случај на дневни напади во Сирија, бидејќи израелската војска вообичаено цели на воени објекти ноќе, се вели во медиумските извештаи.

Сириската воздушна одбрана пресретна израелски напад со проектили на некои точки во околината на Дамаск, соборувајќи ги повеќето од нив, јави сириската агенција Сана.

– Околу 14 часот во понеделникот, израелскиот непријател започна воздушна агресија со проектили истрелани од северот на окупираните палестински територии, гаѓајќи некои позиции во околината на Дамаск, изјави воен извор за Сана.

Според изворот, сириската армија ги пресретнала проектилите и повеќето ги соборила. Во нападот е повреден еден војник и предизвикана е материјална штета.

Израелската војска ги засили нападите на сириските аеродроми, вклучително и меѓународниот аеродром во Дамаск, за да ја попречи се почестата испорака на оружје за сојузниците на Иран во Сирија и Либан, вклучително и Хезболах, соопштиј дипломатски и разузнавачки извори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот