Фото: Profimedia

Пиењето две чаши дневно од овој сок го намалува холестеролот и крвниот притисок

Пиењето овошни сокови, особено природните овошни сокови без додаден шеќер, одлично влијаат врз здравјето, а наводно еден вид сок, омилен на многумина, може да го намали холестеролот и крвниот притисок. Пијалаците, исто како и храната што ја јадеме, влијаат на нашето здравје, па затоа е важно да се грижиме за она што го внесуваме во нашиот организам.

Како што пренесува британски „Експрес“, природниот сок од портокал има потенцијал да го намали холестеролот и крвниот притисок. Високите нивоа на холестерол и крвен притисок се една од главните причини за развој на опасни здравствени состојби, како што се мозочен и срцев удар. Додавањето сок од портокал во вашата дневна исхрана може да го намали ризикот од нив.

Според студијата од 2023 година објавена во списанието „Липидите во здравјето и болестите“ (Lipids in Health and Disease), пиењето две чаши сок од портокал секој ден може да го намали нивото на холестерол. Во тоа истражување биле проучувани 129 учесници на возраст од 18 до 66 години.

Резултатите покажале дека 41 отсто од учесниците кои пиеле по две чаши сок од портокал дневно, односно вкупно 480 милилитри секој ден во текот на 365 дена, имале значително пониско ниво на холестерол од оние кои не го исполнувале дневниот внес или биле во контролната група која пиела помалку од две чаши сок дневно.

Освен ова, уште неколку други студии покажале дека пиењето сок од портокал позитивно влијае на целокупното здравје.

Во научната статија објавена во „Европски весник за исхрана“ (European Journal of Nutrition) од 2021 година, пишува дека „хесперидинот во сокот од портокал го намалува систолниот крвен притисок и пулсот по континуираното консумирање, а по една доза, хроничното консумирање на сок од портокал збогатен со хесперидин го зголемува неговиот постпрандијален ефект“, пренесува „Експрес“.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот