Скопје, Инфективна клиника / фото: МИА

Двајца мажи од Скопје се заразените со мајмунски сипаници, едниот е на Инфективна

Двајцата пациенти кои се заразени со мајмунски сипаници се мажи, на возраст од 40 и 44 години, од Скопје и не се поврзани случаи. Според податоците што ги дале, двајцата пациенти не патувале надвор од државата.

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска информираше дека едниот пациент е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје. Другиот пациент сѐ уште не се пријавил на ниту една од клиниките.

Заменик-министерот за здравство, Јовица Андоновски апелираше до граѓаните дека нема потреба од паника, бидејќи се преземаат сите активности, а попладнево ќе заседава и Комисијата за заразни болести.

Мајмунските сипаници, познати и како „mpox“, се вирусна болест слична на сипаниците, која предизвикува треска, осип и воспаление на лимфните јазли. Иако обично има благ тек, кај лица со ослабен имунитет може да предизвика потешки симптоми.

Болеста главно се пренесува преку близок физички контакт, вклучително и сексуален, што доведе до таргетирани кампањи за вакцинација и зголемено следење на контактите. Сепак, мутациите на вирусот и намалувањето на имунитетот по вакцинацијата во 2022 година предизвикаа загриженост за можни нови бранови.

Светската здравствена организација (СЗО) прогласи вонредна состојба од меѓународно значење во август 2024 година, нагласувајќи ја потребата од координирани напори за контрола на ширењето на вирусот.

Епидемиологот Даниловски за мајмунските сипаници: Не се пренесуваат лесно и мал е ризикот за епидемија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот