Филип Додевски и Анамарија Георгиевска чекор поблиску до олимписка норма за Париз 2024/Фото: facebook/Дарко Костовски

Два златни медали во Талин, Додевски и Георгиевска кон олимписка норма за Париз 2024

Македонското таеквондо носи нови големи резултати на меѓународната сцена, веднаш после Европското клупско првенство, во главниот естонски град се одржа и Г2 меѓународен светски куп.

Филип Додевски во Талин освои златен медал со две победи над натпреварувачи од Британија и Полска. Додевски обезбеди нови важни 20 бодови и доближување кон олимписка норма за Игрите во Париз 2024.

Со злато се закити и Анамарија Георгиевска со три победи, против една натпреварувачка од Естонија и две од Германија.

И Георгиевска направи важен чекор со 20 бодови кои ја доближуваат кон настап на следната Летна Олимпијада.

Од практични причини, стручниот штаб донесе одлука на овој турнир да не настапи Дејан Георгиевски кој доби одмор.

Дејан Георгиевски е европски шампион, златен на Европското клупско првенство во Талин

Злато за Мила Рељиќ во Талин, Македонија има европска клупска шампионка во таеквондо

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот