алембик
Фото: Принтскрин / Фејсбук

Дуото „Алембик“ со новата песна „Dynamo“ ќе ве одведат на едно автентично патување

Ви го претставуваме звукот на нашето време. Македонското дуо „Алембик“ една година по објавувањето на „Тие“ ја претставија својата песна „Dynamo“.

Ова е песна за вртењето – на светот, рингишпилот, плочата и слични кружни или тркалезни нешта“, велат „Алембик“.

Покрај автентичната мелодија создадена од Ива Дамјановски на клавијатури и термин, која воедно е и вокал, Виктор Танасковски на бас гитара чиј глас се нижи низ целата песна како придружен вокал, ова ново музичко патување го заокружуваат и специјалните гости Филип Ефински на гитара и Емил Спиркоски на тапани.

Песната е чиста поезија, која ќе сакате да ја слушате одновно и одново, а истата воедно ќе се најде и на првиот албум на „Алембик“.

Видео спотот е своевидна уметност – колаж од видео записи од архивата на Македонска Радио Телевизија. Режисер и монтажер на видео спотот е Дејан Јованов.

Нека оваа песна и сите наредни вртат бесконечно во етерот!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот