Дуел Мицкоски-Ковачевски: Каков претседател заслужува Македонија?

фото: принтскрин, Само вистина

Претседателот на СДСМ е уверен дека ќе ја добијат довербата на граѓаните и Пендаровски повторно ќе биде претседател бидејќи како што рече, имале визија за прогресивни политики.

„Пендаровски се докажа како кандидат на сите граѓани, кој не ги дели граѓаните по ниту еден основ, беше еден од клучните актери во зачленувањето на нато и беше тука вомногу клучни моменти и затоа сметаме дека потенцијалот на пендаровски е поголем од оној на сите други кандидати и се надеваме дека тој ќе биде претседателот кој ќе ја внесе Македонија во ЕУ“, рече Ковачевски во „Дуелот за Македонија“ на Канал 5.

Мицкоски пак смета дека Пендаровски како претседател не покажал ништо. Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кандидатот поддржан од СДСМ немал ниту една карактеристика на добар претседател и немало да победи на избори.

„Јас и во 2019 година и сега верувам декамакедонија треба да добие претседател како професорката Давкова. Споредбата меѓу неа и Пендаровски не треба воопшто да ја има. Таа е истакната во својата кариера а пендаровски ќе остане запшамтен по репликата која што му ја даде на Бојко Борисов. Давкова до сега покажа исклучителен квалиутет кој не е споредлив со никој друк Сметам дека таа треба да биде претседател бидејќи досегашните пратеници и политилки претставници на челосо ДУИ ја опљачкаа државата“, критикува Мицкоски во првиот Дуел со Димитар Ковачевски во пресрет на двата изборни циклуси.

Ковачевски му замери на Мцкоски дека повеќе зборуваше за кандидатот на СДСМ, затоа, вели, Пендаровски не направил ниту една стратешка грешка и го заслужил својот интегритет.

„Често пати имаше различно мислење од мнозинството и одлуките ги носеше согласно функцијата што ја има и затоа сметам дека е најдобар кандидат. Сметам дека во вториот круг ќе биде Пендаровски и кандидатот на ВМРО – ДПМНЕ. ДУИ во еден демократски амбиент настапи сама да настапи со свој кандидат. Ние имаме многу јасна визија каде треба да биде Северна Македонија во следниот мандат а тоа е Северна Македонија членка на ЕУ“, рече Ковачевски.

Мицкоски критикува дека не може Ковачевски да зборува за лидерство бидејќо немал политички легитимитет.

„Давкова е избрана за најмотивирачки професот на Правниот факултет. Зошто СДСМ и ДУИ ја замајуваат јавноста и не ги отворат листите и да покажат дали ги имаат поптписите за кои тврдат дека се собрани. За да докажеме и докажеме дека сите стојат зад Давкова може да се проверат потписите и на граѓаните и на пратениците кои се доставени во ДИК. Ковачевски не обвинува нас дека сме направиле фалсификат. Го повикувам јавниот обвинител да отвори предмет и да ги провери ваквите паушални обвинувања, рече Мицкоски на ТВ Дуелот на ТВ Канал 5.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот