Дрво паднато на патот го прекина сообраќајот меѓу Битола и Меџитлија

АМСМ информира дека од 19:30 часот, сообраќајот на Граниочниот премин „Меџитлија“ е во прекин во двете насоки поради паднато дрво.

Во вонредниот извештај на АМСМ нема дополнителни информации.

Според сведоштва на наши читатели, прекинот на сообраќајот на патот предизвикал голема гужва од возачи кои се движеле од и кон граничниот премин.

„Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 40-60 минути, а на ГП Богородица за влез и за излез се чека околу 30 минути. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата“, стои во извештајот на АМСМ.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот