„Дрекслермаер” соработува со над 600 домашни компании, има интенција за зголемување

фото: МИА

Компанијата „Дрекслермаер” кај Кавадарци користи услуги од над 600 домашни компании, а на годишно ниво  обртот на средства со домашните добавувачи изнесува некаде околу 10.000.000 евра.

Ова го соопшти генералниот директор на компанијата Лукас Мирингер на средба со министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија Зоран Шапуриќ, истакнувајќи дека има интенција за зголемување на соработката со домашните компании.

Шапуриќ ги поздрави иницијативите и заложбите како за квалитетот и стандардите во компанијата, и за поддршката на разните проекти, особено за соработката со домашните компании, со што и директно се подобрува македонската економија.

Во соопштението од Кабинетот на Шапуриќ стои дека во однос на тековното работење, од „Дрекслермаер” очекуваат олеснување особено во административниот дел, после дигитализација на техничката документација, за која како проект се залага и Владата, со што се создаваат услови за подобро и полесно работење на самата организација.

При обиколка на производствените погони и останатите делови од фабриката, на министерот Шапуриќ особен впечаток му оставија средношколците-практиканти од средното стручно училиште во Кавадарци, за што изрази големо задоволство од примена на концептот на дуално образование.

Миригнер ја истакна и неколкугодишната пракса на стипендирање студенти од техничките факултети на повеќе универзитети во Северна Македонија, со тоа што се надоврза дека од оваа година ќе склучат и договори за вработување со неколку студенти кои ги стипендирале изминативе години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот