ДРАМАТИЧНО ВИДЕО: Поплавени села во Грција, децата ги носат со чамци, жителите чекаат на покривите да ги извлечат со хеликоптери

Големи поплави уништија цели села во областа Кардица/Фото: Скриншот/Фејсбук

По налетот на силното невреме „Даниел“ драматична е состојбата во Кардичката рамнина, во Тесалија. Речиси сите села во округот Кардица се под вода поради обилните врнежи кои продолжија и во средата од утринските часови.

Во многу села во општина Паламас, луѓето се евакуираа на покривите од куќите или на повисоки места и бараат помош. Децата ги превезувале на гумени чамци по поплавените улици во селата. Состојбата во месноста Метаморфоси е потресна.

Побарана е интервенција од вооружените сили на грчката армија, а за евакуација на граѓаните се бараат и хеликоптери.

Сликата во градот Кардица е подобра, но повторно почна да врне пороен дожд кој предизвика голема загриженост кај жителите.

„Сигурен сум дека ќе имаме давеници“, вели градоначалникот на Паламас.

„Ситуацијата е трагична. Денеска ова е крај на општината, умре. Ние сме беспомошни. Луѓето се заробени во куќата, водата надмина 1,5 метари. Ќе имаме давеници, секаде сум упатувал апели. Ми се јавуваат десетици жители и бараат помош. Секако дека не се сите во добра здравствена состојба, сигурен сум дека ќе имаме давеници“, изјави за СКАИ градоначалникот на Паламас, Јоргос Сакелариу.

„Посебно се погодени Паламас и Метаморфози во Кардица, се обидуваме да пристапиме од страната на Итеа. Одиме со возила да ги евакуираме луѓето кои се во куќите бидејќи областа е поплавена. Пристапот е тежок, имаме многу обилни врнежи“, изјави претставникот на противпожарната служба, Јанис Артопиос.

Претходно утринава беше испратена порака до жителите на Паламас Кардица со цел да се оддалечат од подземните и приземните површини на објектите.

Конкретно, во пораката на службата за итни случаи 112 се вели: „Ако сте во Паламас, оддалечете се од подземните и приземните површини на зградите поради развојот на поплави во областа. Следете ги упатствата на властите“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот