ДОЖИВОТНА ЗА МОНСТРУМОТ ОД ГЕРМАНСКИТЕ БОЛНИЦИ: Убил 85 пациенти бидејќи уживал во оживување!

Медицинскиот техничар Нилс Хегел денеска е осуден на доживотна казна затвор за убиство на 85 пациенти од судот во северозападна Германија.

Хегел на пациентите им давал преголеми дози на лекови затоа што уживал во тоа дека може да ги оживее.

Тој веќе служи доживотна затворска казна затоа што во 2015 година е прогласен за виновен за убиство на двајца пациенти и два обиди за убиство.

Судењето на медицинскиот техничар почна во октомври минатата година под сомевање дека е одговорен за смрт на уште 100 пациенти во две германски болници во кои работел од 1999. до 2002. и од 2003. до 2005. година.

Хегел побара прошка од семејствата на жртвите за својот ужасен чин.

-Сакам да се извинам за се што правев во изминатите години, рече Хегел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот