Државата го затвора домот „Оренда“ во Пеќ, каде негувателки матретираа старица

На домот за згрижување стари лица „Оренда“ во Пеќ му е одземена лиценцата, по објавените снимки каде поранешната медицинска сестра Аурона Пелај малтретира 80-годишна жена која живееле во домот.

Информација ја соопшти Министерството за финансии на Косово.

„По објавувањето на снимката од физичкиот напад врз повозрасната жена во „Оренда“ во Пеќ, посебна единица веднаш извршила увид на местото на настанот, како и разговор со вработените во центарот и со сведоците на случајот“, се наведува во соопштението.

„Согласно собраните докази и искази донесена е одлука домот „Оренда“ до 7 ноември да престане да ја врши дејноста.Истите се должни за ваквата одлука во рок од 24 часа да ги известат членовите на семејството на старите лица кои живеат таму“, стои во соопштението

Косовската, но и јавноста во регионот, беше згрозена откако на социјалните мрежи беше објавена вознемирувачка снимка од дом за стари лица во Пеќ, на која се гледа како вработена во домот, малтретира и тепа стара жена, жителка на домот.

Жената која беше малтретирана од медицинската сестра во дом за стари лица во Пеќ дента замина од оваа установа, каде престојувала речиси една година. Ја зедоа членови на нејзиното семејство .Утредента трите вработени од установата кои ја малтретираа и учествуваа во малтретирањето на жената, беа донесени пред надлежниот суд во Косово.

ВИДЕО: Старицата-жртва на брутално насилство го напушти домот во Пеќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот