Решавачка битка за Донбас: Русите имаат цел да го уништат целото оружје кое Украина го добила од западот

Ракетен систем ХИМАРС
Ракетен систем ХИМАРС / EPA/FRANCIS R. MALASIG

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шокгу издаде нова наредба до војниците во Украина. Приоритет на руската армија сега е уништување на високопрецизно оружје и друга артилерија со долг дострел што ја користат украинскитe воени сили.
Тоа значи дека фокусот на руските сили сега станува најстрашното оружје – американскиот ХИМАРС.

Ракетен систем ХИМАРС
Ракетен систем ХИМАРС / EPA/FRANCIS R. MALASIG

За време на инспекцијата на руските групи во источна Украина, Шојгу „промената на воената тактика“ ја образложи со фактот што Украинците со ова оружје гранатираат станбени области во Донбас и намерно ги палат житни полиња. и складиштата за жито.

Меѓутоа, аналитичарите наведуваат дека вистинската причина е тоа што украинската страна почнала се почесто да го користи напредниот ракетен систем ХИМАРС, оружје од помоќен калибар од она што може да го произведуваат Русија и Украина.

ракетен систем ХИМАРС фото: принтскрин јутјуб

Русија тврди дека веќе уништила два система ХИМАРС

Москва соопшти дека досега уништила два напредни ракетни системи оде типот ХИМАРС, како и магацини во кои имало муниција за ова оружје. Системите, наводно, биле уништени во близина на линијата на фронтот во село јужно од Краматорск во Доњецк, кое е во фокусот на руската офанзива во Украина по нејзината окупација на регионот Луганск.
Киев остро го демантираше тоа, наведувајќи дека руските тврдења се „лаги“ и дека продолжуваат да го користат американскиот ХИМАРС кој нанесуваат „погубни“ удари на руската страна.

Зошто е важен американскиот ракетен систем ХИМАРС?

Експертите сметаат дека овој ракетен систем, наречен и М142, може да доведе до сериозен пресврт во војната, бидејќи високомобилниот ракетен систем HIMARS е поставен на камион и може да носи контејнер од шест проектили. Системот може да лансира проектил со среден дострел, но е способен и да истрела проектили со поголем дострел.

Ракетен систем ХИМАРС
Ракетен систем ХИМАРС / EPA/FRANCIS R. MALASIG

Како дел од пратката, во Украина се испратени четири системи ХИМАРС, а нивната вредност се проценува на 655 милиони долари.
Ова оружје може да истрела шест ракети со доволна прецизност да погоди автомобил до 70 километри, што е многу подалеку од дострелот на хаубиците и многу попрецизно од советските и руските ракетни фрлачи. . Исто така, може да се движи со брзина од 85 километри на час.

Дополнително, возилата на HIMARS се оклопни и не можат да се пробијат дури ни со шрапнели или мало оружје, но сепак се доволно лесни, со вкупна тежина од околу 16 тони, за да можат да се транспортираат со авион.

Затоа, ова оружје придонесува за стекнување на превласт на Украина на фронтот, нешто што руската армија се обидува да го неутрализира.

Американската војска ги обучувала украинските сили да го користат

Инаку, кога Вашингтон на почетокот на јули објави дека ќе го испрати овој моќен ракетен систем во Украина, американските војници почнаа да ги обучуваат украинските сили за да можат да го користат овој софистициран ракетен систем.

Ракетен систем ХИМАРС / Профимедиа

Контраофанзивата започна со испорака на западно оружје

Покрај уништувањето на ХИМАРС, се чини дека Русија сака да уништи и другото оружје што Украина го доби од Западните земји . Причината за тоа е што уркаинската армија ја смени тактиката и однесувањето на фронтот во споредба со првите месеци од војната, кога практично само се бранеа од силните руски напади. Од неодамна украинците започнаа контраофанзива на југот, токму со помош на оружје испратено од сојузниците.

Покрај ракетите со долг дострел, во Украина пристигнале и големо количество хаубици со дострел од 40 километри. Според последните информации, Австралија, Канада и САД испратиле повеќе од 100 хаубици М777 и околу 300.000 куршуми од 155 мм во Киев.

Како исклучително важни се покажаа и беспилотните летала, од кои најкористен е Barjaktar TB2 од турско производство. Овие дронови можат да летаат на висина до 7.600 метри, со брзина од околу 220 километри на час, а дометот им е 300 километри.

Исто така, Украина од Западот доби НЛАВ – лесно противтенковско оружје, тенкови и системи како што е познатиот С-300. Вкупно 30 земји му доставуваа оружје на Киев, но тешкото вооружување пристигнуваше побавно, а во некои области украинските војници беа значително побројни. Засега најмногу помош за Украина и пружиле САД, а на листата следни се Велика Британија и Полска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот