Доминиканска Република воведува четиридневна работна недела

Доминиканците работат по 44 часа неделно - Фотографија ЕПА, Сифрој Кларенс

Компании во Доминиканска Република се охрабрени од февруари да се вклучат во иницијативата за четиридневна работна недела, за која властите во карипската земја се убедени дека би ја зголемила продуктивноста.

Рамките на програмата бараат од фирмите да не им ја намалат платата на вработените што ќе работат од понеделник до четврток, наместо до петок, односно по 36 наместо по 44 часа неделно.

– Тоа ги става луѓето во преден план, го подобрува здравјето и благосостојбата и промовира одржлива благосостојба, пријателска за природата – објави министерот за труд Луис Мигел де Кампс.

Меѓу првите компании што се пријавија за иницијативата се латиноамериканската телекомуникациска фирма „Кларо“, енергетската „ЕГЕ Хаина“, тешката индустрија „ИМКА“, но и владината агенција за здравствено осигурување.

Резултатите од експериментот ќе ги следат и анализираат експерти од локален универзитет. Тие ќе посетат особено внимание на промената на здравјето на работниците, нивните меѓусебни односи на работното место, но и ситуацијата во семејствата.

Компаниите во Доминиканска Република вообичаено практикуваат пет осумчасовни работни дена во неделата, плус четиричасовна работа во саботите. Рамките не се строги и компаниите имаат слобода и поинаку да ги распоредат времето, сѐ додека тоа не надмине 44 часа.

Британија во 2023 година го спроведе досега најмасовниот експеримент со четиридневна работна недела и првичната анализа покажа дека резултатите се позитивини. Во Америка многу компании самостојно го скратија петтиот работен ден во неделата, а Чиле усвои закон за намалување на задолжителните работни часови од 45 на 40 неделно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот