фото извор: facebook

Доминација на македонскиот кајакар Ане Петрушевски во Европскиот куп

Како што објави Кајак клубот Вардар Велес, денеска се одржа четвртото коло од Европскиот куп во Италија.

Триумф запиша македонскиот кајакар Ане Петрушевски кој најпрвин во квалификациите заврши како второпласиран.

А во финалето нашиот натпреварувач ја потврди доминацијата и на крајот ја однесе победата во кајак (К1) – У23.

На втората позиција се најде Даисуке Нешиме од Јапонија, додека трет заврши Рихард Румански од Словачка.

По четири одржани Европски купа Ане Петрушевски има триумфи на три од нив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот