Unsplash
Фото: Unsplash

Домашен сируп од цвекло за бомбастична крвна слика

Овој сируп е мошне здрав и наменет за луѓето кои имаат лоша крвна слика. По два месеца консумирање на овој сируп значително ќе ги подобрите вредностите.

Состојки:

– 1 кг цвекло
– 1/2 кг моркови
– 3 помали портокали или само 2 ако се големи (во помалите има повеќе сок)
– 1/2 кг кисели јаболка
– 1 лимон
– 500 г домашен мед

Подготовка:

Цвеклото, морковот и јаболката се лупат и сечкаат на помали парчиња па се цедат во соковник. Ги цедите посебно лимонот и портокалите и ги додавате во сокот од соковникот, па додавате мед (најдобро липов, багремов или ливадски). Сè повремено мешате со цел медот да се раствори во сокот.

Сирупот се префрла во стаклени садови. Се добива околу литар ипол до два литри сируп. Сирупот пијте го секое утро на празен желудник околу 1 децилитар разблажен со вода бидејќи вака е многу благ. Вкусен е, многу хранлив и здрав.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот