Уругвајските пратеници гласаат „за“ легализирање на евтаназијата / Фото: EPA/FEDERICO GUTIERREZ

Долниот дом на парламентот на Уругвај изгласа легализирање на евтаназијата

Долниот дом на парламентот на Уругвај во среда гласаше за легализација на евтаназијата, следејќи ги Куба, Колумбија и Еквадор во општествената промена која предизвикува многу дебати.

Предлог-законот за декриминализација на потпомогнатото умирање беше усвоен со 64 гласа „за“ во Претставничкиот дом со 99 места по емотивна дебата што течеше цела ноќ. Сега се упатува во Сенатот, од кој се очекува да го одобри законодавството пред крајот на годината, пишува Ројтерс.

Според новиот закон, ментално способни возрасни лица кои страдаат од терминални или неизлечиви болести можат да побараат еутаназија.

Еден клучен амандман се чини дека помогна да се придобијат уругвајските пратеници против оригиналниот предлог од 2022 година, со тоа што се бара медицински одбор да го разгледа случајот ако двајцата лекари не се согласуваат.

Законодавецот Луис Гало, кој ја отвори дебатата, се сети на починатите пациенти кои беа инспирација за законот.

„Да не заборавиме дека барањето е строго лично: тоа ја почитува слободната и индивидуална волја на пациентот, без мешање, бидејќи се однесува на неговиот живот, на неговото страдање, на неговата одлука да не продолжи да живее“, рече Гало од владејачката коалиција на централно-левичарскиот Широк фронт.

Анкетите на јавното мислење покажуваат широка јавна поддршка за еутаназијата, почнувајќи од претседателот Јаманду Орси па натаму. Уругвај, исто така, беше пионер во легализирањето на истополовите бракови, абортусот и употребата на канабис.

Националната дискусија околу еутаназијата беше донесена во политичкиот мејнстрим во 2019 година од страна на поранешниот спортски функционер, Фернандо Суреда, на кого му беше дијагностицирана дегенеративна болест.

Суреда, кој беше на чело на фудбалската асоцијација на Уругвај, јавно се залагаше за правото на смрт.

Уругвај се приклучува на растечкиот список на земји, вклучувајќи ги Канада, Шпанија и Нов Зеланд, кои легализираа некаков вид на асистирано умирање. Велика Британија исто така го прави тоа .

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот