Доколку помирувачот не најде решение, Синдикатот на УЈП ќе ја активира одлуката за генерален штрајк

Управа за јавни приходи / СП. архива

Доколку не се изнајде решение за неколку денови, ќе се активира одлуката за генерален штрајк, при што ќе ги искористиме сите можности што ни се на располагање, порачаа од Синдикатот на Управата за јавни приходи.

Васе Неданоски од Синдикатот на УЈП потсети дека помирувачот, кој е предложен од нив, веднаш бил прифатен од Министерството за финансии и чекаат да ги повика на разговор.

Тој е должен во рок од три дена да го врати мандатот доколку не може да најде решение. Доколку сегашниот помирувач не е во земјава и не може да го спроведе помирувањето, на негово место може да се назначи друг. Но, очекуваме за пет до шест дена да заврши процедурата за помирување, изјави Неданоски за МИА.

Тој додаде дека не се дел од одбраната или внатрешните работи, па да имаат ограничување за тоа што смеат, а што не смеат да прават за време на генерален штрајк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот