Дојде Ада, првиот асистент со вештачка интелигенција во јавниот сектор

Димитар Ковачевски / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Ова е само почеток на примената на вештачката интелегенција, а таа потоа ќе им помога и на граѓаните во користење на е-услуги, како и во многу други институции кои ќе се дигитализират, како на пример, во Царинската управа

Македонскиот стартап „Кодвел“ заедно со кабинетот на вицепремиерот Фатмир Битиќи ја создадоа Ада – првиот дигитален асистент со вештачка интелигенција. Ада треба да им помогне на инвеститорите, да им ги даде сите барани одговори, без да ги бараат по разни институции, да им помогне да аплицираат, но да им даде и паметни одговори како на пример: Дали нивната компанија е подобна за да аплицира за некоја мерка? Таа на инвеститорите им е на располагање 24/7, а може да биде и потсетник за новите програми. Ада веќе и официјално е достапна на ada.gov.mk.

Премиерот Димитар Ковачесвки, на пуштањето во употреба на дигиталниот асистент Ада, потенцираше дека Ада ги нуди сите информации за инвеститорите и за финансиската помош што може да ја имааат, таа е и наш промотор во странство за привлекување на странски инвестиции, но истовремено е креирана и да ја елиминира корупцијата и влијанието на човечкиот фактор.

/ Фото: ,,Слободен печат” / Драган Митрески

– Процесот на дигитализација е незапирлив. Светските трендови се базираат на вештачка интелигенција од склопување на делови, помош во домаќинствата, па се до таму каде што било незамисливо дека тоа не го прави човекот – рече Ковачевски и објасни дека со Ада се автоматизираат над 80 отсто од интеракциите со корисниците.

Вицепремиерот за економски прашања Битиќи рече дека Ада е инспирирана од две причини, една е борбата против корупција за што има забелешки има во извештајот на Стејт Департментот, а друга е помош на македонските стартапи.

– Да, и Ада е креирана од домашен стартап! Тоа се наши деца кои имаат знаење и може да го покажат. Денеска со нас тука се Мартин, Фросина, Вурата, Зојче и Нино, а другиот дел од тимот кој што работеше на апликацијата знам дека се во канцеларија и се грижи дека се ќе помине денеска во најдобар ред. Фала дечки навистина сум горд на тоа што го направивте за вашата држава! – рече Битиќи.

Нино Карас, еден од основачите на „Кодвел“ вели дека „дигитален асистент е како да имате најдобар шалтерски работник кој ви е на располагање 24/7“.

– Ова е скромен почеток со Ада, но таа има голем потенцијал – рече Карас.

Министерот за информатичко општество и јавна администрација Азир Алиу рече дека дигитализацијата е една од главните цели на Владата и на Министерството за информатичко општество.

– Јавната администрација е една од целите на дигитализацијата, а нашата заложба е да се дигитализираат сервисите што се нудат на граѓаните – рече Алиу.

Според директорот на Фондот за иновации и технолошки развој , Фестим Халили „со Ада испраќаме порака за нови технолошки промени за подобра иднина“.
Тој рече дека ФИТР за овој прект издвои 9 милиони денари.

Која е Ада Лaвлејс чие име го носи дигиталната асистенка?

Ада Лавлејс чие име го носи нашата прва дигитална асистентка живеела во периодот од 1815 до 1852 година и е позната математичарка и писателка. Таа се смета за прва што го препознава целосниот потенцијал на „компјутерска машина“ и еден од првите компјутерски програмери. Во својата статија „Белешки“ се смета дека го напишала првиот алгоритам дизајниран да го изврши машина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот