„Дојче банка не е новиот Кредит Свис“

Фото: EPA/PETER KLAUNZER

Еден ден откако најголемата германска банка Дојче банк загуби 8,5 проценти од вредноста на берзата, некои инвеститори вчера стравуваа дека таа може да стане последната голема жртва на светската банкарска криза.

Сепак, многу економисти тврдат дека работењето на оваа банка е многу подобро од она на Кредит Свис, швајцарската банка која неодамна мораше да ја купи друга банка, УБС, во вонредни околности, со цел Швајцарија да го зачува својот кредибилитет како финансиски центар.

Германскиот канцелар Олаф Шолц испрати слична порака во петокот во Брисел, велејќи дека Дојче банк „значително го реорганизирала и модернизираше својот бизнис модел и е многу профитабилна банка“ во последните години.

Во петокот акциите на Дојче банк потонаа за 8,5 проценти, откако во еден момент од денот достигнаа минус од речиси 15 проценти. Инвеститорите се плашат од „банкарска зараза“ по неуспехот на американската Силикон ВелиБанк и Сигнатур за краток период, а во Швајцарија интервенираше и владата, објави Вечерњи лист хр.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот