Милорад Додик / Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Додик: Република Српска го поддржува мировниот план на Трамп за Газа и се надева на негово усвојување

Република Српска го поддржува мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Газа и се надева на негово скоро усвојување, изјави денес претседателот на Република Српска, Милорад Додик.

„Поминаа две години од терористичкиот напад и масакрот во Израел извршен од Хамас. Откако лично го посетив кибуцот Бери и бев сведок на трагедијата, сè што можам да кажам е дека Република Српска стои покрај Израел и неговото право да ја брани својата територија и својот народ“, напиша Додик на платформата X.

Споделуваме надеж, рече тој, дека сите израелски заложници ќе бидат ослободени и вратени дома.

„Го поддржуваме мировниот план на претседателот (Доналд) Трамп и се надеваме на негово скоро усвојување“, рече Додик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот