pixabay

Додадете само една состојка и јајцата веќе никогаш нема да ви пукаат кога ќе ги варите!

Знаете колку може да биде фрустрирачко кога ќе ви испукаат јајцата додека ги варите. Освен што белката се излива во водата и јајцето ја губи својата форма, ваквите јајца обично не се погодни за декорација – особено сега пред Велигден, кога естетиката ни е речиси подеднакво важна како и вкусот. Добрата вест е дека постои многу едноставен и природен начин да го избегнете ова – и да ја олесните работата кога ќе дојде време за лупење.

Зошто јајцата пукаат?

Пред сè, треба да знаете дека температурата, просторот во тенџерето и квалитетот на лушпата влијаат на пукањето на јајцата. Белите јајца, на пример, имаат потенка и почувствителна лушпа од кафеавите јајца. Покрај тоа, важно е јајцата да не се наредени премногу густо во тенџерето и да се готват на умерена температура.

Ако сакате да бидете сигурни дека јајцата се доволно свежи, постои едноставен тест со вода: ставете го јајцето во чаша со вода – ако потоне и остане на дното, тогаш е свежо; ако лебди, подобро е да не се користи.

Но, она што многу луѓе не го знаат е дека еден обичен лимон може да игра клучна улога во зачувувањето на јајцето за време на готвењето. Сокот од лимон, богат со природни киселини, има способност малку да ја омекне лушпата и во исто време да ја зацврсти белката. Ако лушпата случајно пукне, сокот од лимон ќе помогне белката да остане внатре. Дополнителен бонус? По варењето, лушпата многу полесна се отстранува – дури и кај најтврдокорните, свежи домашни јајца.

Како точно да се користи лимонот?

Ставете ги јајцата во тенџере и додадете ладна вода за целосно да ги покриете. Ставете 2-3 лажици свежо исцеден сок од лимон. Ставете го тенџерето на средна температура и гответе ги јајцата како и обично – во зависност од тоа дали сакате меки или тврдо варени јајца. Кога ќе бидат готови, префрлете ги во ладна вода за полесно да можете да ги излупите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот