До крајот на неделата сончево и топло време, во понеделник локални врнежи од дожд

Сончево време/ Фото: Архива на Слободен печат

Наредниве денови ќе преовладува сончево и топло време, од недела со делумно зголемување на облачноста, а локални врнежи од дожд се очекуваат во понеделник.

За утре се најавуваат утрински температури во интервалот од -2 до 4 степени Целзиусови, а максималната дневна од 13 до 24 степени.

Во Скопје слично време со утринска од 1 степен, а дневната ќе достигне 21 степен.

Во сабота и недела дневната темепратура ќе се движи од 15 до 21 степен, односно од 16 до 23 степени. Во понеделник ќе има мал пад на температурите и тие ќе изнесуваат од 13 до 19 степени. Следат вторник и среда со температури од 15 до 22, односно од 16 до 22 степени Целзиусови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот