ДЛУМ организира изложба на дела од новопримени членови во друштвото

Покана за отворањето на изложбата на ДЛУМ

Изложба на новопримени автори во членство на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) ќе се одржи на 14 февруари, во 20 часот, во галеријата во Домот на Армијата во Скопје.

На изложбата со наслов „Нови членови, нови енергии“ ќе бидат претставени дела од новите членови примени во 2023 и на првиот конкурс во 2024 година. Изложбата ќе биде отворена од претседателкатa на ДЛУМ, проф. д-р Јана Манева-Чупоска и претседателката на Уметничкиот совет, проф. д-р Маја Рауник Кирков.

На изложбата ќе бидат изложени дела на: Ана В’чкова, Весна Стефановска, Гоце Стоилковски, Дејан Давчевски, Доротеј Нешовски, Ирена Гапковска, Методи Исков, Никола Упевче, Марија Николова, Сарита Конеска, Софија Илиева, Ферди Булут, Филип Ристевски, Антоанета Малиновиќ, Бојан Вртев, Дефне Еминовска, Дорина Тенева, Драганчо Таневски, Елена Димова Пантелиќ, Јасмина Главинче, Јоана Арсовска, Леон Тенев, Методија Јованов, Павел Јовановски, Пале Јовановска, Тања Ристовска, Филип Новески, Озбек Ајваз, Ленче Коцевска, Аница Китаноска, Мила Добреска, Марија Трајановска, Виктор Јаневски, Стефан Анчевски, Лусијана Ампева, Марта Патлиџанковска, Љупка Галаска, Славица Танеска, Петар Миљковиќ и Мариго Исеини (Локу), известија од ДЛУМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот