
ДКСК го повика Судскиот совет да го разгледа случајот со судската одлука поврзана со ИРЛ
ДКСК го повика Судскиот совет Македонија, во рамки на неговите законски надлежности, да го разгледа случајот со судската одлука поврзана со ИРЛ и новинарката Сашка Цветковска.
Препорачано
Државната комисија за спречување на корупцијата укажува на неопходноста да се почитува независното истражувачко новинарство и слободата на говорот како темели на демократијата, а судството како самостојна и независна власт да функционира согласно уставните начела, во врска со судската одлука за пресудата на судот против Истражувачката репортерска лабораторија во случајот „Феронвест против ИРЛ“.
– Независното истражувачко новинарство, како и независното судство се столбови на демократските општества и основа за функционирање на правната држава и владеење на правото. Ова дотолку повеќе што Република Северна Македонија е кандидат за членство во ЕУ, каде што се почитуваат европските вредности и принципи за демократија, транспарентност и одговорност, потенцираат од ДКСК.
Во организација на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) денеска пред Граѓанскиот суд се одржа протест поради пресудата против ИРЛ.
Биљана Настеска Каланоска од ЗНМ на протесот изјави дека ќе испратат барање до судиите од граѓанскиот и апелациониот суд за поголемо разбирање и сериозност, внимателност во постапките и тужбите против новинарите и медиумските работници во државата.
ФОТО: Новинарите протестираа пред Граѓанскиот суд: Слободните новинари се сржта на истражувањата