Димитров во посета на Германија и на Словенија

Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров од утре ќе престојува во посета на Германија и на Словенија.

Покрај германскиот министер за Европа, Михаел Рот, како што соопшти СЕП, Димитров во Берлин ќе оствари средби и со Јан Хекер, главен советник за надворешна и безбедносна политика на канцеларката Ангела Меркел, со Нилс Шмид, портпарол за надворешни работи на парламентарната група на Социјал-демократската партија во Бундестагот, со Сабине Штер, полномошник за ЕУ политики во германското МНР и со Сузане Шуц, директорка во Министерството за надворешни работи на Германија, за Југоисточна Европа, Турција и државите на ЕФТА.

Главен акцент на разговорите ќе биде надминување на предизвиците и изгледите за одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ, со оглед на тоа што Германија има значајна улога во овие процеси, како дел од актуелното Трио од ротирачкото претседателство со Советот на ЕУ.

Димитров ќе се осврне и на актуелните случувања во Северна Македонија, со фокус на главните реформи во контекст на европската интеграција, а со соговорниците ќе размени мислења и за Берлинскиот процес и очекувањата од Самитот кој што треба да се одржи во Берлин оваа година.

Од Берлин, вицепремиерот Димитров ќе отпатува во Љубљана. Словенечкото претседателство со ЕУ започнува на 1 јули оваа година. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот