Димитров: Билатералните прашања да се решаваат без истите да бидат пречка на патот кон ЕУ

Фото: Фејсбук

Идејата на Договорот за добрососедство беше историјата да им се остави на историчарите, за ние да се занимаваме со сегашноста и со иднината, порача на социјалните мрежи вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров во однос на преговорите со источниот сосед.

Тој повикува билатералните прашања да се решаваат без истите да бидат пречка на патот кон ЕУ.

-Македонскиот јазик и самоопределување, државотворноста и идентитетот ниту можат да бидат пречка за интеграција со Унија, која почитува културни и јазични различности како темелна вредност, ниту можат да бидат пречка за вистинско пријателство, бидејќи тоа секогаш се базира на взаемна почит-нагласува Димитров во својата објава.


Според него, ова е битка не само за македонската суштина, туку и за сржта на европските вредности, од кои, како што вели, нема отстапување.

0Ова е бесмртниот ‘вирус’ на идеали против кој залудно се бара ‘вакцина- порачува вицепремиерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот