Ненад Димитријевиќ, кошаркарот на Олимпија Милано/фото: olimpiamilano.com

Димитријевиќ прв стрелец за финале во Суперкупот на Италија

Кошаркарите на Олимпија Милано во полуфиналето од италијанскиот Суперкуп славеа против Венеција со резултат 73:62.

Најзаслужен за пласманот во големото финале беше македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ кој реализираше 14 поени.

Нашиот плејмејкер го следеше Никола Миротиќ со 13 поени, а на спротивната страна се истакна Амедео Теситори со 12 поени, два помалку запиша Давиде Касарин.

За триумфот Олимпија Милано ќе игра против екипата на Виртус Болоња која со 96:87 беше подобра од Наполи Баскет.

Тренерот на Олимпија Милано, Еторе Месина го пофали Македонецот после одличниот настап:

– Одличен играч, го знаевме тоа. Тој доаѓа по важните сезони во Казан. Сметавме дека откако сакавме да почнеме со Ричи на позиција три, подобро е да почнеме со Нено, да имаме цврстина – рече Месина по мечот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот