
Димитријевиќ: Да одиме со помисла дека треба да победиме, не да чекаме што ќе се случи
Да ги преземеме работите во свои раце и да излеземе од првата минута на теренот – е пораката која денеска на првиот собир им ја пренесе членот на македонската кошаркарска сениорска репрезентација, Ненад Димитријевиќ на претставниците на медиумите.
Препорачано
Репрезентативецот, како и секогаш, желен за победа алудираше на адутите кои ги има противничкиот табор, но напомена дека нашиот состав ќе бие подготвен да одговори соодветно на нивната физички напорна игра.
На 21 февруари во квалификациите за ЕП нашите најдобри кошаркари ќе гостуваат кај селекцијата на Естонија, а три дена подоцна ќе ја пречекаме Полска.
– Па да како што кажав, Естонија е незгодна екипа. И минатите квалификации имавме проблеми со нив, но мислам дека имаме доста квалитети, во некој налет да направиме успех и да направиме изненадување на нивниот терен. Мислам дека сме подготвени и едвај чекам да дојде денот на натпреварот. Двајцата (со Ти Џеј Шортс) сме добри играчи и дека може за два три дена да се навикнеме еден на друг и да направиме да функционира оваа врска за успех на репрезентацијата, што е најважно. Мислам дека до натпреварот со Естонија ќе бидеме подготвени. Прво, треба да бидеме пофизички подготвени.
Кошарката оди во тој правец, Естонија покажа дека е доста физичка екипа, што сака да трча и имаат играчи на секоја позиција, дури и евролигашки играчи. Треба да бидеме подготвени за нивната енергија и нивната физикалност и да одговориме на тоа. Мислам дека тоа е најважно. Треба да одиме со помисла дека треба да победиме, не да чекаме што ќе се случи. Треба да излеземе од прва минута за побед – вели Димитријевиќ.