Димитриевски: На политичката сцена има нова сила и свежина олицетворена во Движењето ЗНАМ

Максим Димитриевски/ Фото: МИА

Кандидатот за претседател на Македонија Максим Димитриевски смета дека на политичката сцена имало нова сила, нова енергија, свежина олицетворена во Движењето ЗНАМ.

Запрашан каква кампања очекува на претседателските и парламентарните избори, Димитриевски одговори дека овие избори можат да бидат историски.

„Како јас што го нарекувам црно-сивиот свет во Македонија. 30 години се гласа за СДСМ и за ВМРО-ДПМНЕ и 20 години се гласа за ДУИ кај албанскиот блок. И со секоја смена на власта ситуацијата во земјата е се полоша. Дел од граѓаните верува дека истите оние што претходно не ја воделе државата како треба, односно не донеле кономски просперитет, не ја сузбиле корупцијата, ја партизирале државата по сите основи, ја убиле надежта дека може да е поинаку, и со тоа придонеле луѓето да се иселуваат се повеќе, овој пат ќе бидат поинакви. Дел пак вели нема за кого да гласа и си седи дома“, вели Димитриевски..

На прашањето дали кандидатите кои се на црната листа на САД треба да се повлечат од изборите, Димитриевски рече дека тоа е одлука што самите треба да ја донесат.

„Се ова покажува дека, за жал, сликата за Македонија е поразителна. Нема функционални институции. Обвинителството едноставно не си ја врши работата согласно законите, туку работи по налог. Немаме судска власт која применувајќи ги законите ги штити интересите на државата и на граѓаните во чие име, нели и ги носи пресудите. Но, сето ова по изборите ќе се смени. Следат реформи во таканаречената трета власт, или да бидам едноставен, чесните ќе опстанат“, рече Димитриевски.

Во однос на прашањето дали треба да се донесе Законот за рестриктивни мерки, Димитриевски потенцира дека има Закон за рестриктивни мерки донесен во 2017 година. Тој додаде дека сега се сака да се направат измени на тој закон, со кои, како што рече, се задира во уставниот поредок на државата, а Македонија покажува и докажува дека институциите не функционираат, а особено Обвинителството.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот