фото: EPA-EFE/ANDREU DALMAU

Димитриевски: Кога би можел да потпишам договор со Рајо Ваљекано до 2029 година, би го потпишал

Македонскиот голман Столе Димитриевски има важечки договор со Рајо Ваљекано до 30 јуни 2024 година. И оваа сезона е прва голманска опција на Рајо кој со добри резултати во текот на оваа сезона од одамна го обезбеди опстанокот во „Ла Лига“, односно моментно е на 11 позиција со 46 бодови, иако во последните пет натпревари претрпе три порази.

Димитриевски кој сезонава во шпанското првенство до сега запиша 34 настапи, во интервју за шпанските медиуми кажа дека сака да остане во клубот.

– Им кажав на клубот дека сакам да останам. Кога би можел да потпишам договор до 2029 година, би го потпишал. И кога би можел да потпишам договор за започнување на тренерска кариера, би го потпишал. Би останал овде до крајот на мојот живот бидејќи се чувствувам многу благодарен и многу добро во клубот. Ме ценат, ми се укажа можност и се трудам да го искористам најдоброто од себе за клубот – вели Димитриевски.

До крајот на сезоната во „Ла Лига“ тимот од Мадрид ќе игра уште против Реал в среда (24 мај) на „Сантјаго Бернабеу“, потоа на 28 мај ќе го пречека Виљареал, а на 4 јуни ќе гостува кај Мајорка.

Следниот месец нашиот чувар на мрежата го очекуваат нови репрезентативни обврски и дуелите со Украина и Англија во квалификациите за ЕП 2024.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот