ДИК: Се гласа во мирна атмосфера, во Тетово има мали технички пропусти

Александар Даштевски, претседател на ДИК / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски и неговата заменичка Дитмире Шеху напладне дојдоа во Тетово, на увид во гласачкиот процес за вонредните избори за членови на советот на општината. Тие посетија повеќе избирачки места, а Даштевски рече дека гласањето се одвива во мирна и демократска атмосфера.

-Имаше мали технички пропусти, на кои им укажавме на избирачките одбори. Некои се исправија веднаш. Се функционира во ред. На некои места имаше објавени списоци само на албански, немаше на македонски. Тоа е технички пропуст и им укажавме дека доколку има, да ги закачат да не биде пропуст да биде двојазично. Тоа се мали детали што ги утврдивме, изјави Даштевски.

Тој информираше дека до 11 часот и 30 минути во Општина Тетово гласале 6,71 проценти или 5642 гласачи. До истиот термин во Маврово и Ростуше гласале 14.11 отсто или 1404 гласачи, а во Центар Жупа 14, 47 проценти или 1305 гласачи излезени.

-Досега на сите три места има 20 приговори за избирачко право од кои 50 посто се решени веднаш, а другите се во постапка. Според изборниот законик. Сметам дека гласањето ќе прдолжи во ваква мирна атмосфера ќе продолжи на демократски начин, сите работи функционират добро, на правилен начин. Сметам дека така ќе биде до крајот на денот. Овие резултати ни кажуваат на тоа дека овој пат ќе имаме избор во овие општини но да почекаме да заврши процесот и да ги објавиме конечните неофицијални резултати, истакна Александар Даштевски.

На новинарско прашање зошто необјавувањето на списоците со улиците на македноски јазик се смета за технички пропуст, а не човечки фактор и неодговорност, Даштевски рече дека тука нема одговорност.

-Ги имаме, сме ги испечатиле и сме ги донеле. При примопредавање на материјалите, дали се примопредадени или не, не знам, или пак се примопредадени, а се ставени во кутија,заборавиле да ги истакнат. Нема одговорност, треба да ги закачат, им реков сега да ги закачат. Бидејќи нели тоа е пропишано да биде двојазично, изјави Даштевски

Од техничките проблеми кои веднаш биле надминувани Даштевски спомена дека морало да се менуваат батерии или смарт картички на биометриските апарати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот