Дијана Петрова

Дијана Петрова е добитник на наградата „Живко Чинго“ што ја доделува Општина Охрид

Писателката Дијана Петрова е автор на расказот „Мизенабим“ под шифра: „Кибела“, кој беше избран за најдобар на годинашниот конкурс „Живко Чинго“.

Дијана Петрова е родена во 1992 година во Делчево и е професорка по македонски јазик и литература. Дипломирала на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, каде и го продолжува своето студирање на втор циклус студии.

Во 2023 година за нејзинот расказ „Рош хашана“ ја добива првата награда на конкурсот распишан од Фондот на холокаустот во Македонија. Петрова беше добитник на престижната награда за најдобар расказ „Живко Чинго“ и минатата 2024 година за нејзиниот расказ „Јоанес Даубманус“.

Комисијата во состав: Димитар Пандев (претседател), Бранко Цветкоски (член) и Зоран Јаќимоски (член), во изготвениот извештај за избор на најдобрар расказ за 2025 година истакна: „Наградениот расказ ’Мизенабим‘ се одликува со извонредна техника на раскажување што се засновува врз едно очигледно длабоко и темелно познавање на високите врвови на светската проза и на теоријата на прозата и притоа не изостанува авторската умешност лесно да ги хармонизира пристапите на некои великани со неговото лично авторско проседе.“

На Конкурсот кој традиционално го објавува Општина Охрид, пристигнаа вкупно 69 раскази. Наградата на авторката Дијана Петрова ќе ѝ биде врачена на традиционалната манифестација „Вечер на Живко Чинго“ на 13 август во село Велгошти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот