
Дијагноза со селфи: Создадена апликација која открива жолтица и нивото на билирубин во телото
Тим научници од Универзитетскиот колеџ во Лондон дизајнираа апликација за следење на симптомите на една од опасните болести кај човекот. Во новата студија се вели дека камерите на паметните телефони може да се користат за прецизно одредување на количината на билирубин кај пациенти со цироза на црниот дроб, пишува „Ју-си-ел њус“.
Препорачано
Како што е наведено, оваа студија е првата која проценува како фотографиите од челото, белката на окото и долните очни капаци може да се користат за проценка на нивото на билирубин.
Овој пристап има потенцијал да ги следи пациентите со цироза на црниот дроб во домашни услови, поевтино и поедноставно отколку што е моментално можно. Авторите на студијата проценуваат дека ова би можело да ги открие влошувањата на симптомите пред ситуацијата да стане критична.
Апликацијата која ја создадоа научниците може да открие жолтица со голема прецизност. Таа се користела за фотографирање на челото, белката на окото и долните очни капаци кај 66 пациенти со цироза на црниот дроб. По калибрирањето на сликите за амбиентална светлина, таа програмирала алгоритам за откривање и предвидување на нивото на билирубин врз основа на степенот на жолтина на сликите.
„Една од причините зошто заболувањето на црниот дроб е толку предизвикувачко е тоа што состојбата на пациентите може многу брзо да се влоши. Несреќен факт е што кога пациентите пристигнуваат на клиниката со степен на жолтица повисок од очекуваниот, големи се шансите болеста да е многу напредната. Пристапот што го оценивме во оваа студија ни овозможи да ги следиме пациентите во нивните домови многу почесто отколку што е моментално можно. Се надеваме дека ова ќе помогне да се детектираат влошените клинички симптоми пред состојбата да стане критична“, вели професорот Рај Мукерџи од Медицинскиот факултет.
Тој додава дека е можно да се погледне пациент со жолтица и веднаш да се знае за што точно се работи.
„Прашањето не е дали кожата е жолта или не, туку колку е пожолта од порано, што укажува на влошување на црниот дроб. Телефонската апликација го обезбедува тоа ниво на точност“, додава проф. Мукерџи.
Цирозата на црниот дроб е третата најчеста причина за смрт кај возрасните Британци, па научниците од Лондон сметаат дека е неопходно да се откријат опасните нивоа на билирубин што е можно порано, како и жолчниот пигмент што може да укаже на заболување на црниот дроб на кожата и очите преку состојба позната како жолтица. Билирубинот моментално се проверува со тест на крвта кој мора да го направи стручно лице. Ова обично се прави во болниците и не е многу често.
Но, начниците вела дека следниот чекор би бил да се спроведе поголемо истражување за да се потврди безбедноста и точноста на овој пристап. Во пракса, пристапот најверојатно би функционирал со тоа што пациентите често ќе ги сликаат нивните очи преку апликацијата, што би ги информирало давателите на клиничка нега за значајнаа промена во билирубинот, со што ќе може навремено да се промени терапијата на пациентот.