дијабетес
Фото: Profimedia

Дијабетичарите го повикаа правобранителот да ги спасува од штетите што им ги предизвика Министерството за здравство

Дијабетичарите спасот го бараат кај Народниот правобранител. Сојузот на здруженија на дијабетичари кај омбудсманот Насер Зибери испрати претставка затоа што Министерството за здравство не им обезбедува глукомери и ленти за мерење на шеќерот кои се неопходни за да се контролира оваа хронична болест.

„За состојбата во која се наоѓаме 116 илјади граѓани од кои 4 илјади се со дијабетес тип еден (600 деца), како и во името на 44 илјади пациенти кои зависат од инсулин и од таблетарна терапија, Сојузот во името на сите нив се обраќа до правобранителот и бара од него заштита во постапките за остварување на правата на пациентите“, му пишаа дијабетичарите на Зибери.

Обврската за редовна набавка на глукомерите и лентите, согласно член 16 од Законот за здравствена заштита и Програмата на Владата за набавка на инсулини, антидијабетна терапија, системи за континуирано мерење на гликемија и пумпи од 1 февруари годинава е исклучиво на Министерството за здравство со буџетски пари преку тендери за период од две години.

Според Сојузот на здруженија на дијабетичари, претходниот тендер истекол на крајот на 2022 година, а следната тендерска постапка наместо да се распише пред крајот на претходниот тендер, се распишала дури во април. Поради тоа, пациентите со дијабетес девет месеци се оставени без неопходните глукомери и ленти.

Последиците од нерегулирани гликемиски вредности и компликациите се кардиоваскуларни заболувања, дијабетична полиневропатија, нефропатија, ретинопатија и други кои не се лекуваат туку само се живее со нив, се добро познати на сите. Периодот во кој пациентите се оставени без  глукомери и ленти, неопходни за нормален живот, е долг веќе 9 месеци со што на пациентите им е повредено правото за здравствена заштита загарантирано со Устав на РСМ, Законот за здравствена заштита и Законот за правата и заштина на пациенти, а воедно и им е предизвикана материјална штета, бидејќи сите пациенти во изминатиот период лентите ги купуваат во аптеките со сопствени средства, вели Диме Велев, претседател на Сојузот на здруженија на дијабетичари.

Оттаму додаваат дека според Уставот, Македонија е држава во која граѓаните ги уживаат сите основни човекови права и им се гарантира правото на здрав живот.

„Ние силно веруваме дека државата има полн капацитет да ги заштити правата на граѓаните за здрав живот, да им го врати мирот, достоинството, спокојот и нормалниот живот без ризик на 44 илјади свои државјани и граѓани. Како хумана држава, мора да го одржува високо квалитетот на животот на сите свои граѓани, особено на децата и младите до 18 години заболени со дијабетес тип 1. Поради ваквата настаната состојба и постапување по барањата на пациентите, Сојузот на здруженија на дијабетичари се сретна со претставници на Министерството за здравство. Проблемот не е решен“, потсетуваат од Сојузот на здруженија.

Оттаму до Министерството за здравство поднесоа и претставка затоа што им е предизвикана материјална штета поради тоа што со месеци сами купуваат сѐ

е од сопствените средства. Но од Министерството не одговориле на оваа претставка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот