Диџеј Тиесто и неговата 23 години помлада сопруга ќе станат родители

Тајс Вервесте (51) или попознат како диџеј Тиесто наскоро ќе стане татко.

Имено, неговата 23 години помлада сопруга и манекенка Аника Бекс е бремена, а овој познат пар ја сподели убавата вест на социјалните мрежи. Нетрпеливите идни родители потврдија и дека станува збор за девојче. 

Тиесто со сопругата Аника / Фото: Инстаграм

Диџеј Тиесто отиде и чекор подалеку, па на својот инстаграм-профил објави и слика од ултразвукот што бил направен.

На сликата се гледа дека славниот музичар не присуствувал на редовниот гинеколошки преглед.

Тиесто со фотографијата од ултразвукот / Фото: Инстаграм

Во вакво време, само на овој начин, со слика, можам за првпат да си ја видам ќерката – пишува диџејот. 

Тиесто со сопругата Аника / Фото: Инстаграм

Инаку, овој познат холандски диџеј со неговата љубов Аника минатата година склучи брак во магична пустина во државата Јута, САД.

Двојката се запозна во 2015 година, на забава што ја организирале нивни заеднички пријатели.

Тиесто со сопругата Аника / Фото: Инстаграм

Во 2018 година, за Денот на благодарноста, Тиесто ја побарал за сопруга Аника на плажа на Малдивите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот