Џордан го исфрли од Дрим тимот и не го прифаќа неговото извинување: Тој е серко

Мајкл Џордан продолжува да доминира во американската јавност благодарение на документарниот филм „Последниот танц“.

Како што се појавува документарниот филм, по две епизоди неделно, така испливуваат и непознати детали од кариерата на Мајкл Џордан.

Овој пат медиумите во САД се фокусираа на еден од најголемите ривали на Мајкл Џордан, бекот на Детроит пистонс, Ајзеа Томас.

Џордан се уште не може да му прости на Томас бидејќи не му честита што во 1991 година, Чикаго го елиминира Детроит во плејофот.

Претходно во 1989 и 1990 година Детроит беше подобар од Чикаго во плејоф пресметките, но во 1991 година кога кошаркарите на Детроит видоа дека со чисти 4:0 ќе загубат од „биковите“, тие на осум секунди до крајот на натпреварот го напуштија теренот.

– Да знаевме што ќе се случи потоа, ќе останевме и ќе им честитавме. Но, не знаевме. Кога ќе загубите, го напуштате теренот. Тоа е се – изјави Томас за време на снимање на документарниот филм.

Сепак, Џордан не го прифати изговорот на Ајзеа Томас кој беше најдобар играч на својата екипа и еден од најдобрите во НБА лигата во тоа време.

– Знам дека сево ова е срање се што зборува Томас. Се што сега зборува не е вистина. Имаше доволно време да размисли за тој потег, а реакцијата на јавноста му го смени мислењето. Покажете ми што сакате, но не можете да ме уверите дека не е серко. Една година претходно против нив играв седум натпревари и кога загубивме им честитав. Тоа е спортскиот дух – вели Џордан.

Ајзеа Томас не беше омилен кај своите колеги поради неспорската и валкана игра на Детроит чиј лидер беше.

Поради тоа, голем дел од членовите на оригиналниот дрим тим за Олимписките игри во Барселона 1992 година не сакаа Томас да биде дел од нив и предводени од Џордан успеаја да излобираат да не биде избран во тимот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот