
Џеф Безос за 15 минути заработил 13 милијарди долари
Ова се случи откако синоќа акциите на компанијата Амазон нагло пораснаа за 12 отсто, до 2.100 долари за акција.
Најбогатиот човек во светот, американскиот бизнисмен Џеф Безос, основач на компанијата Амазон, го зголеми своето богатство за 13 милијарди долари само за 15 минути, соопшти денеска агенцијата „Блумберг“.
Препорачано
Ова се случи откако синоќа акциите на компанијата Амазон нагло пораснаа за 12 отсто, до 2.100 долари за акција.
Според набљудивачите, растот на акциите е одраз на успешниот финансиски отчет за дејноста на компанијата во изминатиот квартал, кој „ги направи парампарче”, очекувањата на аналитичарите. На пример, кварталниот приход на Амазон изнесува 87,4 милијади долари, а приходот за една акција е 6,47 долари, иако експертите очекуваа тој да биде 4,11 долари.
Се соопштува дека поради растот на овие цени вредноста на имотот на Безос, кој владее со 12 отсто од акциите на Амазон, пораснала до 129,5 милијарди долари.
Во индексот Блумберг милијардери на оваа агенција, промените на состојбата на богатството на Безос ќе се рефлектира денеска по завршувањето на берзанските тргувања.
Се соопштува и дека, по растот на акциите на компанијата Тесла неделава, вкупниот имот на сопственикот на оваа команија, Елон Маск, се зголемеил за 2,3 милијарди долари.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6час
-
6час
-
6час
-
6час
-
7час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5