Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Девојката на Адриен Броди реагираше на бакнежот на Хали Бери на Оскарите

Оскарите во 2025 година имаа многу моменти за паметење, но едно од најголемите изненадувања се случи кога Хали Бери неочекувано го бакна Адриен Броди на црвениот тепих.

Додека социјалните мрежи брмчеа за моментот на изненадување на црвениот тепих, многумина се прашуваа како долгогодишната девојка на Броди, Џорџина Чепмен, се чувствува поради тоа.

Фото: Profimedia

Сепак, Чепмен, модна дизајнерка кој е во врска со Броди од 2020 година, немаше проблем да си го каже ставот во врска со виралниот момент.

Во изјавата за „Extra“ по доделувањето на Оскарите, Чепмен одговори на виралниот бакнеж со разиграна забелешка.

„Тоа беше само момент, нели?“ рече таа со насмевка и додаде: „Мислам, како можеш на маж да му забраниш бакнеж со Хали Бери?“

Самиот бакнеж јасно покажа дека сето тоа е добра забава. Пред да го бакне актерот, Бери се сврте кон Чепмен и на шега ѝ рече: „Извини Џорџина, но морам да го сторам тоа!“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот