Фото: Andriy Popov / Panthermedia / Profimedia

Девојка од Кина доживува оргазми без стимулација континуирано пет години: Случај што ги збуни лекарите

Лекарите во Кина се збунети од случајот на 20-годишна девојка која пет години доживувала неконтролирани оргазми повеќе пати на ден, оставајќи ја постојано сексуално возбудена.

Анализата на овој необичен случај ја направија докторите Џинг Јан и Дафанг Оујанг од Шестата болница на Универзитетот во Пекинг, а беше објавена во „AME Case Reports“.

Оваа девојка доживувала оргазми без стимулација пет години, што ги навело експертите да заклучат дека таа страдала од постојано нарушување на гениталната возбуда (PGAD), објави „PsyPost“.

Постојаното возбудување може да биде доста болно, предизвикувајќи значително нарушување на психосоцијалната благосостојба и секојдневното функционирање, се наведува во анализата.

Таа не можеше да оди на училиште, да работи или да одржува врски поради ова нарушување. За жал, чекаше многу долго за дијагноза. Нејзините симптоми првично се манифестираа како чувство на „чукање“ во стомакот, придружено со карлични контракции кои личеа на оргазми. Во тоа време имаше 14 години.

Приближно во исто време, таа станала многу чувствителна и имала бизарни верувања дека другите луѓе можат да ѝ ги читаат мислите, што довело до тоа да биде хоспитализирана и лекувана од симптоми на депресија и психоза една година подоцна.

И покрај третманот, симптомите продолжиле, што ја навело да верува дека нејзините постојани оргазми се предизвикани од надворешни стимули. Нејзината состојба се влошила до тој степен што едвај можела да ги објасни своите симптоми без да доживее оргазам.

Прегледите не покажаа абнормалности во нејзиниот мозок или репродуктивните органи што би можеле да предизвикаат продолжен оргазам. Лекарите конечно ѝ дијагностицираа ПГАД откако антипсихотиците ги ублажија нејзините заблуди и оргазми.

По неколку недели лекување, состојбата на пациентката се подобрила до тој степен што можела да се врати на работа и да води друштвен живот. Сепак, секогаш кога ќе престанела со лекувањето, симптомите се враќале.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот