Дете после пет години се враќа од камп во Сирија, моментот кога го среќава неговото семејство ќе ве остави без зборови (ВИДЕО)

Тешко е да не чувствувате ништо додека гледате мало детенце кое после толку години страдања и ужаси, го наоѓа мирот и ги почуствува прегратките на неговите најблиски луѓе.

Алвин Бериша, дете со албанско потекло кое веќе пет години престојуваше во Сирија, конечно пристигна во Рим каде што беше пречекан од неговиот татко Африм Бериша и неговите две сестри, кои се на возраст од 16 и 17 години.

Алвин има само 11 години по потекло е од Албанија а било спасено пред два дена од сирискиот капм Ал Хол. Детето е родено во Леко, Италија, но неговите родители се од Албанија. Кога тој имал само 6 години неговата мајка го напуштила семејството, оставајќи зад себе две деца и го земала Алвин си заминале во Сирија, каде што со новиот сопруг и нивното дете загинале. Но, Алвин останал сам во кампот Ал Хол.

Прочитајте и...  Заев во Конче: На 15 јули гласајте за повеќе пари за земјоделците, за поголема грижа за сите

Во видеото објавено од италијанскиот Црвен крст, Алвин се гледа во аеродромот седнат покрај неговите сестри додека таткото му ги бакнува рацете, јавува Балканвеб. Сестрите плачат и го галат нивниот брат кој 5 години не го виделе и до пред два дена не знаеја дали повторно ќе го видат. Алвин изгледа смирен и со насмевка во лицето.

Алин за да биде изнесен од кампот Ал Хол и повторно да се врати кај неговото семејство, беше потребна добро организирана операција од страна на италијанските и албанските власти.

Но, Топ Чанел потсетува дека сега предизвик за албанската држава останува враќањето на околу 28 други албански деца кои се наоѓаат во овој камп.

За потестување, Африм Бериша таткото на Алвин кој живее во Италија, го бара веќе од 2014 година неговиот син, но само пред неколку недели тој бил пронајден од страна новинари од италијански медиуми во камп, кои со објавување на сторија за малото дете ја алармираа и албанската јавност.

Прочитајте и...  Димковски: Консолидација на земјоделско земјиште е државна политика

Прочитај повеќе

Бајден победи на внатрепартиските избори во Порторико

Слободен печат

Италијанскиот регион Лигурија за првпат без нови случаи на Ковид-19

Слободен печат

Тачи денес ќе биде сослушан во Хаг

Слободен печат

Новинарски екипи од петнаесеттина странски медиумски куќи акредитирани за изборите

Слободен печат

Нагло зголемување на бројот на заразени во Хрватска, стапуваат на сила построги епидемиолошки мерки

Слободен печат

Гласачите сумираат впечатоци, се бира десеттиот парламент

Соња Христовска Угриновска

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Ворлдметерс: Над 13 милиони лица во светот заразени со Ковид-19

Слободен печат

Бесплатна телефонска линија во канцеларијата на Народниот правобранител на денот на изборите

Слободен печат

Троцифрени бројки на заразени од коронавирус, најмногу случаи во скопски Чаир

Слободен печат

Денеска гласаат лицата позитивни на Ковид-19 и во самоизолација, на овие избори нема да се спроведува гласање во дијаспората

Слободен печат

Сончево со умерена облачност и температура до 31 степен

Слободен печат

Курсна листа на НБРМ: Колкава е вредноста на еврото денеска?

Слободен печат