Десетици граѓани цел ден на сонце чекаат да ги пуштат да возат кон Македонски Брод преку Јасен

Фото: Телма

Десетици автомобили со часови на жешко сонце денеска чекаат во редица да бидат пуштени да поминат по патот од Скопје кон Македонски Брод низ ловиштето Јасен, на кој се изведуваат градежни работи, објави „Телма“.

Сообраќајот по патот се одвива еднонасочно и во смени, но, според луѓето кои чекаат во редицата, меѓу кои има и родители со мали деца, иако биле дојдени уште за првата пладневна смена, не биле пуштени да возат во правец на Брод.

Според нив, им било кажано дека ситуацијата ќе се среди и ќе бидат пропуштени, но тоа се одолжило со часови и тие на сонце го поминале речиси целиот ден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот