Десетгодишно девојче најдено мртво во куќа во Англија, нејзината мајка обвинета за убиството

Полиција Британија / Фото EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Мајката на 10-годишното девојче кое беше пронајдено мртво во дом во Англија е обвинета за убиство. Полицијата го пронашла телото на Шеј Канг во Робин Клоус, Вест Мидлендс, околу 12 часот во понеделникот.

Таа била прогласена за мртва на местото на настанот, пишува Би-Би-Си.

Властите за убиството ја обвинија мајката Јаскират Каур, позната и како Јасмин Канг (33). Каур денеска треба да се појави пред судот во Вулверхемптон. Шеј учела во основното училиште Брикхаус.

„Длабоко сме тажни поради трагичната смрт на една ученичка. Шеј беше бистро, среќно дете. Сите ја сакаа и на сите ќе им недостига“, се вели во соопштението на училиштето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот