Фото: Paramount / Everett / Profimedia

Дензел Вашингтон за исфрлената сцена со геј бакнежот од „Гладијатор 2“: Го убив пет минути подоцна

Дензел Вашингтон за време на едно неодамнешно интервју откри дека се бакнал со колега за време на снимањето на „Гладијатор 2“, но дека сцената не завршила во финалната верзија. Оскаровецот го толкува Макринус во филмот на Ридли Скот, богат трговец кој има бројни гладијатори подготвени да се борат во Рим.

Во сценариото за „Гладијатор 2“ се споменува дека Макринус во минатото бил во врски со други мажи, поради што за време на едно интервју бил прашан колку навистина била геј Римската империја.

„Навистина бакнав еден дечко во филмот, но тие го извадија, кукавиците го исекоа. Бакнав еден дечко во уста, но изгледа дека не беа подготвени за тоа. Го убив околу пет минути подоцна. Тоа е Гладијатор. Тоа е бакнеж на смртта“, изјави Вашингтон.

Дензел Вашингтон има еден Оскар за главна и еден за споредна улога

Неговата улога во новиот филм веќе привлече големо внимание и многумина му предвидуваат дека ќе биде номиниран и ќе победи во категоријата за најдобра споредна машка улога на Оскарите.

Дензел признал дека на гладијатор прифатил да игра само поради Ридли Скот.

„Режисерот мора да ме инспирира, а Ридли неверојатно ме инспирира. Имавме одлично прво коло и еве сме во второто. Тој е посветен. Тој е возбуден за животот и неговиот следен филм. Тој е инспирација. „Секој треба да сака да се чувствува така на 86 години“, изјави Вашингтон за Empire.

Актерот призна дека не е сигурен уште колку улоги ќе прифати пред да се пензионира и дека затоа му е многу важно да соработува со одлични режисери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот