
Дениз Ричардс: Ја поддржувам ќерка ми за ОнлиФанс, но не си ги гледаме објавите една на друга
Дениз Ричардс не чувствува непријатност поради одлуката да се приклучи на платформата ОнлиФанс, но има едно јасно правило: не го гледа содржината што ја објавува нејзината ќерка.
Препорачано
Поранешната ѕвезда на „Вистинските домаќинки од Беверли Хилс“, која со поранешниот сопруг Чарли Шин ги има ќерките Сами (20) и Лола (19), а со сегашниот сопруг Арон Фајперс ја одгледува ќерката Елоиза (13), се приклучи на платформата за возрасни наскоро откако тоа го направи нејзината најстара ќерка. Но, двете се сложни околу едно – не ги прегледуваат објавите една на друга.
„Не, тоа би било чудно“, изјави Сами во интервју за „Пипл“ објавено на 20 февруари, а Дениз додаде: „Да, тука ја повлекуваме границата“.

И покрај тоа правило, мајката и ќерката се поврзуваат преку заедничкото искуство на ОнлиФанс. Дениз, која сега има 54 години, признава дека решила да отвори профил на платформата за да ја поддржи Сами во моментите кога добивала негативни критики на социјалните мрежи.
„Кога видов дека Сами добива толку многу негативни коментари, тоа многу ме погоди – не само како мајка, туку и како жена во оваа индустрија“, објасни Ричардс. „Луѓето со години ме гледаа како секс-симбол поради разни фотосесии, а сега ја напаѓаат ќерка ми затоа што ја презела контролата врз сопствената сексуалност и прави што сака. Затоа решив да ја поддржам и да ѝ се придружам“.
Освен што сакаше да ја поддржи ќерка си, Ричардс низ смеа додаде дека платформата е „прилично исплатлива“.

Сами, која го отвори својот ОнлиФанс профил на 18 години, признава дека нејзината одлука била водена од финансиски причини.
„Сакав да се преселам во сопствен стан, но знаев дека платата од слаткарницата во која работев нема да биде доволна. Затоа ја одбрав следната најдобра опција – да направам ОнлиФанс“, објасни таа.
Освен што ѝ овозможи финансиска независност, Сами вели дека платформата ѝ донела и многу нови можности.
„Оваа платформа ми отвори многу врати и запознав навистина одлични луѓе. Убаво е и исполнувачко да си сам свој шеф, да си го креираш работното време и да можеш да правиш што отсекогаш си сакал“, рече таа.
Иако е свесна дека нејзината мајка ја поддржала, Сами признава дека би сакала Дениз малку да почекала пред да отвори сопствен профил.
„Сакав малку да почека. Го отвори профилот веднаш по мене, но не ми пречи премногу“, откри таа.
Од друга страна, нејзината сестра Лола Шин тргна по сосема поинаков пат – неодамна откри дека се крстила откако ја пронашла својата вера.